Емотивен гест: Ајнтрахт против Ливерпул не го заборави и Жота (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

На вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ливерпул, домашниот клуб направи емотивен гест во чест на трагично починатиот Диого Жота. Еден од најдобрите фудбалери на „црвените“ како што е познато за жал загина на почетокот на јули оваа година во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Челниците на Ајнтрахт се погрижија португалскиот напаѓач да не биде заборавен и му оддадоа почит на посебен и емотивен начин. Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пријави десет резервни фудбалери за натпреварот, но кога составот беше прикажан на големиот екран на стадионот во Франкфурт, на листата се појавија 11 имиња.

Имено, десет фудбалери беа испишани со бела боја, а меѓу нив се појави и името на Диого Жота, напишано со тиркизни букви заедно со неговиот број 20.

Трогателната сцена продолжи и во моментот кога официјалниот спикер на стадионот ги читаше резервните фудбалери. По последното име, тој додаде: „Засекогаш број 20 – Диого Жота“, по што следуваше аплауз од трибините. .

Можно е и ова да ти се допаѓа

×