245
Поранешниот италијански фудбалер, сегашен фудбалски критичар, Антонио Касано го испофали Лука Модриќ.
Пофалбите дојдоа за натпреварот против Фиорентина кој Милан го доби со 2-1 и се качи на врвот во Серија А.
„Цел час натпреварот беше ужасен, од 22 играчи само еден заслужува пофалби, Лука Модриќ. Дури и кога ќе одигра додавање од два метри, тоа е задоволство да се гледа. Модриќ игра друг спорт. Милан го сврте мечот благодарение на грешката на Де Хеа, а потоа и пеналот“, рече Касано.