По Валверде уште еден играч на Реал незадоволен: Не сакам да играм на таа позиција!

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга вели дека секогаш е подготвен да се жртвува за доброто на тимот, но додава дека не сака да игра како лев бек, неговата позиција е во средниот ред.

Феде Валверде крена многу прашина на почетокот од месецов кога изјави дека не сака да игра како десен бек, позиција на која принудно потполнуваше место изминативе години.

Уругваецот потоа остана на клупата против Алмати и гостувањето во Казахстан, па дури и се појавија гласини дека тој одбил да истрча на теренот.

И само што се смирија страстите, уште еден играч на Реал Мадрид изјави дека не сака да игра на друга позиција, станува збор за Едуардо Камавинга, кој често принудно покрива како лев бек.

„Најважно е да му се помогне на тимот, да се одработи за тимот, но сакате да го правите ова на вашата природна позиција“ – вели Французинот во разговор со Телефут.

„Сепак, има моменти кога ќе треба да одиграте некоја улога колку и тоа да не ви се допаѓа, едноставно тимот е на првото место“.

„Да, подготвен сум да се жртвувам и да покријам, но не и на долг рок“.

„Знам каде одите со дискусијата и јасно ми е дека следното прашање ќе ви биде дали сакам да играм како лев бек“.

„Не за лев бек, да за среден ред е одговорот“.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×