Вест Хем тоне, ли тоне: Четврти пораз во последните пет кола и претпоследно место во Премиер

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Брентфорд славеа на гостувањето кај Вест Хем со 0-2 (0-1) во последниот натпревар од осмото коло на Премиер лигата.

„Чеканите“ тонат, ли тонат во оваа премиерлигашка сезона. Вест Хем го забележа четвртиот пораз во последните пет кола, котира на претпоследното место од табелата и има само четири освоени бода. На нивна среќа во борбата за опстанок и ривалите немаат премногу бодови, ама тоа не им е од корист во Вест Хем ако не победуваат.

Што се однесува до денешниот натпревар на „Лондон стадион“ Брентфорд го реши со по гол во двете полувремиња. Игор Тиаго постигна водечки погодок за 0-1 во 43. минута, а потоа во судиското продолжение имаше и еден поништен.

Пред крајот на средбата точка на победата стави Јенсен кој во 95. минута ги постави конечните 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×