116
Николо Заниоло го спаси Удинезе од пораз на гостувањето кај Кремонезе, постигнувајќи го својот прв гол во дресот на тимот од Удине во Серија А. Натпреварот заврши 1-1, а домаќините ја продолжија серијата без пораз на свој терен.
Кремонезе поведе рано преку Филип Терачиано кој најдобро се снајде и со глава донесе предност за домаќинот.
Сепак, израмнувањето го донесе поранешниот голем италијански талент Заниоло во 51. минута со прецизен удар и гол за конечните 1-1.
Во финишот Варди и Васкез имаа шанси за победа на домаќините, но резултатот остана непроменет.