Страшно: Измамници убиле млад голман, го излажале дека се големи менаџери, па барале пари за откуп

by Стефан
1 минути читање

Младиот голман од Сенегал, Чеик Туре, кој имаше само 18 години, бил убиен откако неговите родители не успеале да ја обезбедат сумата што ја барале неговите киднапери.

Туре, кој сонуваше да стане професионален голман, бил измамен од лица што се претставувале како менаџери и му понудиле можност за проба во поголем клуб. Верувајќи дека му се отвора животна шанса, младиот голман прифатил да отпатува на договорената локација, но таму за жал го чекале криминалци.

Откако го киднапирале, од неговото семејство побарале пари за негово ослободување. Бидејќи родителите не можеле да го соберат бараниот износ, киднаперите го убиле тинејџерот.

Телото на Туре било пронајдено во Гана, а властите од Сенегал и Гана отворија заедничка истрага за да го расветлат случајот..

Можно е и ова да ти се допаѓа

×