Јирген Клоп откри дека ја одбил можноста да го наследи Сер Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер јунајтед, вели дека не му се допаднал проектот кој му бил понуден.
Јирген Клоп, кој го напушти Енфилд летото во 2024 по девет успешни години на тренерското столче на Ливерпул, можел да има сосема поинаква авантура на „островот“ откако добил понуда да го наследи Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.
„Годината кога Сер Алекс Фергусон се пензионираше, тие разговараа со мене“ – вели Германецот.
„Но беше погрешно време, погрешен момент. Имав договор со Борусија Дортмунд и тешко дека ќе заминав во тоа време, не само во Манчестер јунајтед, во било кој друг клуб“.
Тој потоа даде: „Разговаравме, но не ми се допаднаа одредени работи. Ми рекоа, „Ќе ги донесеме сите играчи кои ќе ги посакаше, ќе го ангажираме овој, ќе го ангажираме тој…“ а јас седев и мислев само како ова не е мојот проект. Не само што беше погрешно време, не беше ниту проект по мој вкус“.
Германецот потоа порача дека никогаш немал да ангажира одредени играчи: „Никогаш не би го вратил Пол Погба, тој беше сензационален играч, но ваквите работи не функционираат. Или пак Кристијано Роналдо, сите знаеме дека тој е најдобриот фудбалер заедно со Лео Меси, но јас не би го вратил, едноставно враќањето на поранешни играчи ретко кога помага“.
ФОТО: X/Liverpool FC