Ниом доби црвен картон за 37 секунди, па Винисиус се мајтапеше со тренерот на Хетафе! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со 1-0 победи на гостувањето кај Хетафе, а големи заслуги за тоа има фудбалерот на домаќините, Ниом кој успеа да добие црвен картон веднаш откако влезе во игра.

Резултатот беше 0-0, Ниом во игра влезе во 76. минута и по само 37 секунди направи фаул за црвен картон, Хетафе остана со играч помалку, а три минути подоцна Реал Мадрид преку Мбапе даде гол.

Тренерот Хозе Борделас откри дека Винисиус го исмевал.

„Вини дојде до мене и ми рече „добра замена“, откри Борделас.

Винисиус иронично го прокоментирал црвениот картон на Ниом кој беше како подарок за Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×