Реал Мадрид потешко од очекувањата стигна до победа на гостувањето кај Гетафе од 1-0.
Се што беше важно во натпреварот се случија во второто полувреме, кога видоввме две исклулувања и гол на Мбапе за победа на Реал.
Домашните останаа со играч помалку во 77. минута, кога Нијом, само што влезе во игра, заработи директен црвен картон по старт врз Винисиус. Реал веднаш ја искористи играчката предност и само три минути подоцна Килијан Мбапе ја затресе мрежата и го постави конечниот резултат.
Винисиус вечерва не се запиша меѓу стрелците, но повторно беше меѓу најзаслужните бидејќи изнуди и второ исклучување, откако Алекс Санорис во 84. минута доби втор жолт картон по нов прекршок врз него.
Со овие три бода, „кралскиот клуб“ повторно се враќа на врвот на табелата со два бода предност пред Барселона, а веќе следниот викенд ги очекува „Ел Класико“.