Стигна одговорот за Пике: Јас Србин, не Хрват!

by Стефан
1 минути читање

Неодамна во јавноста се појави изјавата на Жерар Пике во која поранешниот дефанзивец зборува дека Дејан Лекиќ е дефанзивецот кој му направил најголеми проблеми во кариерата.

Во подкастот во кој гостуваше Пике беше запрашан кој е фудбалерот кој на еден натпревар му направил најголеми проблеми, Пике тогаш одговори:

„Еден висок Хрват од Осасуна. Таа вечер заслужи „Златна топка““, одговори Пике, мислејќи на Лекиќ кој како фудбалер на Осасуна во тој натпревар за кој зборуваше Пике постигна два гола.

Но, Пике погреши бидејќи, Лекиќ не е Хрват, туку Србин, па сега тој се огласи и му одговори.

„Да, за Шпанците ние од Балканот во главно сме исти. Им кажав да му пренесат дека сум Србин, сепак му благодарам што запетил дека сум висок. Нормално е убаво да се слушнат такви зборови од некој како Пике кој е големо име и светски шампион, сепак тоа беше само еден натпревар“, скромен беше Лекиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×