Нотингем Форест започна потрага по нов менаџер откако раководството му врачи отказ на Анге Постекоглу по само 39 дена на клупата. Англиските медиуми пренесуваат дека раководството веќе воспоставило контакт со искусниот Роберто Манчини, кој е една од опциите за преземање на тимот.
Италијанецот има богато искуство, а веќе има оставено трага во Премиер лигата преку успешниот период со Манчестер Сити, со кој ја освои титулата во 2012 година. Сепак, без сомнеж најголемиот успех во кариерата на Манчини беше освоеното Европско првенство со Италија.
Манчини во моментов е слободен по разделбата со репрезентацијата на Саудиска Арабија, а според извори од Италија, не би имал ништо против да се врати во Англија.
Постекоглу го наследи Нуно Еспирито Санто, но не успеа да ја стабилизира екипата на Нотингем Форест која се наоѓа во долниот дел на табелата.