Англиски фудбалер си најде нов клуб со помош на вештачка интелигенција: „ЧатГПТ е најдобриот менаџер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Деметри Мичел стана вистински хит во англиската фудбалска јавност. 28-годишниот англиски фудбалер летово потпиша договор со Лејтон Ориент, клуб од третата англиска лига. Она што ја прави неговата приказна посебна е фактот што преговорите со новиот клуб ги водел со помош на платформата „Chat GPT“.

Со помош на оваа алатка, Мичел направил анализа за тоа колку пари реално може да заработува, подготвил понуда и ја испратил до клубот. За целата „менаџерска“ работа, тој издвоил само 20 фунти.

Chat GPT е најдобриот менаџер кој што сум го имал во кариерата“, изјави Мичел.

Мичел потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед, каде играше до тимот под 23 години. Подоцна настапуваше како позајмен играч во Хартс, па потоа во Блекпул, а носеше и дрес на Хибернијан пред да се пресели во Ексетер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×