Екипата на Интер може да се пофали со историски финансиски резултат, миланскиот гигант ја заврши сезоната 2024/25 со рекордни 567 милиони евра приходи, највисока сума некогаш остварена од италијански клуб. Според официјалниот извештај објавен на клупската веб-страница, приходите се зголемени за 94 милиони евра во однос на претходната година.
Со тоа, Интер го урна претходниот рекорд на Јувентус, кој во сезоната кога во Торино настапуваше Кристијано Роналдо заработи 464 милиони евра.
Овој финансиски пораст најмногу се должи на поголемите приходи од домашните и европските натпреварувања, како и на учеството на клубот на новото Светско клупско првенство.
За првпат во поновата историја, Интер ја заврши годината со нето добивка од 35,4 милиони евра, што е огромен пресврт во однос на минатата сезона, кога беше забележана загуба од 35,7 милиони.