156
Поради изборите, викендов нема да има фудбал во Македонија, не само фудбал туку речиси сите спортски настани се одложени.
Одложувањето е на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) поради одржувањето на локалните избори кои се закажани на 19 октомври (недела).
Принудната пауза дел од клубовите ќе ја искористат за да одиграат подготвителни натпревари со кои ќе ја одржат формата.
Фудбалот ќе продолжи на 24 октомври.