168
Брера Струмица се најде во голем проблем откако ФИФА ѝ изрече забрана за доведување нови фудбалери во следните три преодни рокови.
Клубот од Струмица е внесен на официјалната листа на Светската куќа на фудбалот уште кон крајот на септември, што значи дека ограничувањето веќе е во сила.
Санкцијата е резултат на неплатени обврски кон странски играчи или тренери кои ги пријавиле своите побарувања до ФИФА. Организацијата реагира со вакви мерки за да ги заштити фудбалерите и да им овозможи да си ја добијат заслужената исплата.
Покрај Брера Струмица, на истата листа се наоѓа и Воска Спорт, поранешен прволигаш кој веќе не е активен во македонскиот фудбал.