Реал Мадрид веќе го планира летниот преоден рок во 2026 година, а според шпанските медиуми, тогаш ќе се случи голема промена на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралевите“ подготвуваат продажба на Винисиус Жуниор, која би можела да стане нов светски рекорд кога станува збор за трансфери. Иако бразилската ѕвезда е еден од носителите на играта, челниците на клубот се решени да направат нова етапа во проектот на Флорентино Перез.
Како негова потенцијална замена, скаутите на Реал ја идентификувале младата ѕвезда на Јувентус, Кенан Јилдиз. 20-годишниот Турчин е еден од најперспективните фудбалери во Серија А, а „Дефенса Централ“ пренесува дека Мадрид сака да го доведе што е можно побрзо.
Сепак, конкуренцијата ќе биде жестока. За Јилдиз интерес покажуваат и Барселона и Манчестер Јунајтед, додека Јувентус веќе работи на нов договор до 2030 година со значително зголемување на платата.
Откако дебитираше за првиот тим, Јилдиз одигра 92 натпревари за „старата дама“ со 18 погодоци и 15 асистенции, а Реал го гледа како долгорочна замена за Винисиус во нападот.