Македонија У21 водеше по првото полувреме, но го загуби мечот од Црна Гора! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го претрпе третиот пораз во квалификациите за Европското првенство откако загуби со 3-2 на гостувањето кај Црна Гора.

Македонија поведе со гол на Меличи во 13. минута, првото полувреме заврши со водство на нашата репрезентација од 1-0, но работите се променија во вториот дел.

По десетина минути игра во второто полувреме Перишиќ израмни на 1-1, а во 68. минута Јуковиќ погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1 за Црногорците.

Пет минути подоцна Мрваљевиќ даде гол за 3-1 за Црна Гора, а до крајот на мечот Македонија преку Трајков успеа само да ги постави конечните 3-2. Погодокот беше постигнат во судиското продолжение.

По четири одиграни кола Македонија собра само три бода и се наоѓа на четвртото место на табелата зад Полска, Италија и Црна Гора, а пред Шведска и Ерменија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×