Се зголемуваат проблемите за Флик и Барселона: Левандовски се врти повреден и го пропушта „Ел Класико“

by bojan
1 минути читање
Левандовски

„Каталонците“ попладнево брифираа дека Роберт Левандовски се вратил повреден од должност со Полска, напаѓачот ќе паузира најмалку еден месец и ќе го пропушти дербито против Реал Мадрид.

Квалификациите за Светското првенство донесоа нови проблеми за Ханси Флик и Барселона.

Дани Олмо се повреди на должност со Шпанија, а утрово слична судбина го снајде и Феран Торес, кој поради повреда нема вечерва да игра против Грузија.

Попладнево пристигна и информација за повреда на Роберт Левандовски, кој на должност со Полска го скинал мускулот на задната ложа на левата нога.

Напаѓачот ќе паузира најмалку еден месец и ќе го пропушти дербито против Реал Мадрид и „Ел Класико“ пресметката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×