Имаше свои шанси Македонија денеска, но не успеа да ги освои посакуваниттее три бода против Казахстан.
Според фудбалерот, Исник Алими, голема улога во денешниот натпревар одиграл и заморот по тешкиот натпревар против Белгија.
„Ние направивме сè што можевме. Бевме изморени од мечот со Белгија, но успеавме да создадеме многу шанси против Казахстан. Сепак, среќата не беше на наша страна, иако требаше уште повеќе да се потрудиме за да го добиеме натпреварот. Ништо не е изгубено, уште е жив сонот за СП 2026, имаме уште еден меч и треба да мислиме на него. Потоа ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека второто полувреме играме подобро. Во првиот дел требаше да одиграме со посилен пресинг и да се потрудиме повеќе за да го добиеме мечот“, изјави Алими.
Македонија до крајот ја очекува и уште еден натпревар од овие квалификации, против Велс на гостински терен и тоа ќе биде директен дуел за второто место и подобра позиција во баражот.