Maкедонскаата фудбалска репрезентација денеска ремизираше против Казахстан, а фудбалерот од средниот ред, Тихомир Костадинов смета дека Македонија заслужила да победи според шансите.
Според Костадинов, Македонија денеска била подобриот противник на теренот, додека голот кој го примивме бил по несреќна ситуација.
„Ова беше тежок натпревар, не успеавме да постигнеме втор гол, иако имавме доволно шанси за такво нешто. Тежок терен со исцрпувачки ритам, до крај имаме уште еден натпревар. Мора да одиме максимално подготвени во Велс. Казахстан беше поагресивен од нас, беа поуспешни во дуелите, а некогаш тоа во фудбалот е доволно. Во второто полувреме сменивме формација, тргнавме офанзивно и имавме повеќе шанси, но за жал примивме еден несреќен гол. Потоа успеавме да се вратиме и да постигнеме гол за 1-1, но не искористивме шанси за целосен пресврт. Мислам дека според шансите заслуживме да победиме. Знам дека беше тешко, Казахстан одигра добар натпревар, покажа дека е опасна репрезентација“, вели Костадинов.
До крајот на квалификциите, Македонија има уште натпревар потив Велс на гостински терен.