134
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека Казахстан во квалификациите за Светското првенство.
Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде трет меѓусебен на овие две репрезентации. Досега Македонија не знае за пораз од овој противник, а многу е важно така да остане и по денешниот натпревар.
Првиот меѓусебен дуел беше во 2021 година во подготовките на нашата репрезентација за Европското првенство. Тогаш победивме убедливо со 4-0 со головите на Езѓан Алиоски, Иван Тричковски, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.
Единствениот дуел од натпреварувачки карактер беше оној во Астана во сегашниот циклус. Него го реши Александар Трајковски со гол во првиот дел (0-1).