Репрезентацијата на Фарски Острови која порано важеше за топовска храна за најголемиот дел од селекциите, во овие квалификации се промовира како сериозна фудбалска сила.
Во минатото коло ја совладаа Црна Гора со неверојатни 4-0, а денеска ја победија и Чешка со 2-1.
Фарските Острови претходно двапати го совладаа и Гибралтар, па по седум одиграни кола имаат собрано 12 бодови.
Во моментов се на третата позиција со само еден бод помалку од Чешка.
За Фарските Острови ова се историски квалификации, досега имаат најмногу собрани бодови.
Реалната прогноза е дека квалификациите ќе ги завршат на третото место, што исто така преставува историски успех за нив.
Најголема придобивка е имиџот што го променија, па веќе нема да важат за селекција која е апсолутен аутсајдер, туку оние кои ќе играат против нив ќе мора да имаат многу сериозен приод.
