Шкендија Арачиново го победи Тетекс, Осогово подобар од Беласица!

by riste
1 минути читање

Шкендија Арачиново со 2-1 славеше на гостински терен кај Тетекс, Осогово во Кочани ја победи Беласица со 3-1 и освои многу значајни три бода, Победа полека се консолидира, па дојде до нов триумф, овојпат против Слога Виница од 3-0.

На дербито во Тетово беше 1-1 во првото полувреме, во вторите 45 минути Шкендија Арачиново успеа да постигне гол и да дојде до победа која ја однесе на врвот на табелата.

Осогово одигра одличен меч против фаворизираната Беласица, кочанскиот тим победи со 3-1.

По ужасниот старт на сезоната Победа дојде и до вториот триумф откако со убедливи 3-0 славеше над Слога Виница.

Во Каменица Саса со истиот резултат ја победи Преспа, немаше голови на мечот меѓу Кожуф и Детонит, Охрид со 1-0 победи кај Новаци, а најубедлив беше Вардар Неготино кој со 4-0 го совлада Големо Коњари.

Од 18 часот се игра мечот меѓу Брегалница и Скопје.

Резултати:

Тетекс – Шкендија Арачиново 1-2
Осогово – Беласица 3-1
Победа – Слога Виница 3-0
Каменица Саса – Преспа 3-0
Кожуф – Детонит 0-0
Новаци – Охрид 0-1
Вардар Неготино – Големо Коњари 4-0
Брегалница – Скопје 18 часот

Можно е и ова да ти се допаѓа

×