Роден е во Италија, сака да игра за Италија, Гатузо го чека со раширени раце… но не може да игра

by bojan
1 минути читање

Талентираниот Хонест Аханор е роден во Италија, целиот свој живот го помина во оваа земја, но бидејќи неговите родители се од Нигерија, ќе мора да почека да наполни 18 години за да заигра за „аѕурите“.

17 годишниот Хонест Аханор изминатово лето беше еден од играчите кои привлекоа големо внимание на трансфер пазарот, битката за неговиот потпис ја доби Аталанта, клубот од Бергамо реши да инвестира 20 милиони евра во левиот бек.

Тој продолжи да импресионира во „црно-синиот“ дрес на почетокот од оваа сезона, па се најде и на радарот на Џенаро Гатузо и репрезентацијата на Италија.

Сепак, Хонест Аханор во моментов нема право за настап во дресот на „аѕурите“ и покрај тоа што е роден во Италија и целиот свој живот го помина во оваа земја.

Неговите родители се од Нигерија, па мора да се чека тој да наполни 18 години за да ги добие потребните документи.

Доколку се оди според планот, Хонест Аханор во февруари ќе може да му се стави на располагање на Џенаро Гатузо, секако доколку Нигерија не замеша присти и го убеди дефанзивецот да го одбере овој национален дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×