Херојот Димитриевски: Одигравме перфектен натпревар во дефанзива!

by riste
1 минути читање

Столе Димитриевски беше клучниот играч на Македонија на мечот во Гент иако сите репрезентативци го дадоа максимумот и изгинаа на теренот за да го освоиме бодот.

Димитриевски имаше неколку фантастични одбрани во второто полувреме со кои не дозволи да се затресе мрежата на нашата репрезентација.

„Ова беше тежок натпревар, на нивни терен. Играта на Белгија беше одлична во напад, но мислам дека ние бевме перфектни во одбрана. Требаше повеќе да напаѓаме, но тешко е да се излезе од прва во трета зона во напад, зашто постојано ве притискаат. Одигравме перфектно во дефанзива“, вели Димитриевски.

„Од првите натпревари на квалификации одиме на победа. За нас прво место е историја, натпреварот против Казахстан ќе биде тежок, но играме на домашен терен со наша публика. Мислам дека може да дојдеме до победа, но мора да се одмориме и подготвиме за да одиграме одличен натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×