66
Спортскиот директор на
македонскиот првак Вардар, Дарко Панчев во интервју за „Спорт1“ говореше за идните чекори
на клубот во однос на засилувањата, потврди дека дефинитивно Итало и Џигаури ќе
си заминат од тимот, а не ја отфрла можноста тоа да го стори и уште некој од
составот на црвено-црните.
Во однос на неговите
очекувања за засилување во тимот и политиката на клубот тој вели дека на
радарот се неколку опции за засилување, се работи за два до тројца фудбалери.
„На крајот на краиштата,
најважно е да дојде некој и да одигра како што треба две години, па после и
нека си оди“ додава Панчев.
Целиот разговор на „Спорт1“
со Дарко Панчев прочитајте го – ТУКА.