Музафер Ејупи тргна лошо
во новата сезона, напаѓачот притоа и го прозва селекторот на Македонија, Игор
Ангеловски поради тоа што го изоставува од списокот на селекцијата, а рече дека
нема да игра за нашата земја се дури селектор е тој.
Од друга страна пак, неговата
форма во хрватскиот прволигаш Осијек е загрижувачка, фудбалерот кој беше „алфа
и омега“ за тој тим, со 17 настапи има само два гола, па се поставува прашањето
дали воопшто ќе остане во Осијек во зимскиот преоден рок.
„Македонскиот напаѓач
изминатата есен целосно потфрли. Минатите години Музафер Ејупи редовно се
наоѓаше помеѓу најдобрите стрелци во лигата, но сега разочара. Зоран Зекиќ (пре)долго
му веруваше, па Ејупи на 17 натпревари, постигна два гола, има и една
асистенција. За играч со такви голгетерски способности тоа е под нивото. Имаше
се и сешто, ниту Ејупи беше среќен во Осијек, ниту Зекиќ задоволен од неговиот
ангажман. Прашање е што ќе се случи со 29 годишниот напаѓач оваа зима, дали ќе
остане во Осијек“ пишува „Гол“.