Македонија ѝ гостува на Белгија во финишот на квалификацискиот циклус за Светското првенство кое во 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
За двете селекции натпревар од огромно значење, Македонија како лидер ги дочека октомвриските дуели, а Белгијците во полн налет и одлична серија. Ритамот е добар во двата табори, но мора да се нагласи дека домаќинот во Гент е огромен фаворит. Тоа не беше пречка на скопскиот меч, па Благоја Милевски и неговите избраници со сигурност имаат свои математики.
Инаку, Македонија ѝ гостуваше на Белгија во 1994 година, со легендарниот Андон Дончевски на клупата. Домашниот фаворит поведе со голот на Верхејен во 32. минута од натпреварот, додека на стартот на продолжението по голема голманска грешка погоди Чоко Бошковски за израмнување.
За Македонија на овој меч играа: Целески, Јаневски, Јовановски, Марковски, Најдоски, Станојковиќ, Стојковски, Б.Ѓуровски, Т.Мицевски, Бошковски, М.Ѓуровски (замени: Серафимовски, Канатларовски).
Тогаш Белгија беше среќна за нас, успеавме да извлечеме нерешени 1-1 во Брисел, па нека биде така и сега…