368
Белгија утре ја пречекува Македонија во важен меч од квалификациите за Светското првенство.
Белгијците не победија во Скопје, а Де Брујне е свесен дека немаат право на нов кикс доколку сакаат директно да се пласираат на Мундијалот.
„Против Македонија во првиот натпревар не бевме на потребното ниво. Македонците одиграа паметно и заслужено освоија бод. Овојпат знаеме што ни е целта – немаме простор за грешки и мора да освоиме три бода“, изјави Де Брујне за белгиските медиуми.