Гарсија: Македонија тешко прима голови, но од нас ќе зависи кој ќе победи

by riste
1 минути читање

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија ја пофали македонската фудбалска репрезентација иако потенцираше дека тие решаваат кој ќе победи.

Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 часот ѝ гостува на Белгија во важен квалификациски натпревар за Светското првенство.

Селекторот на домаќините, Руди Гарсија има пофални зборови за Македонија.

„Македонија е сериозен противник, кој ретко прима голови и знае како да ги искористи грешките на противникот. Сè уште верувам дека успехот ќе зависи од нашата игра и поставеност на теренот. Играчите се физички и ментално подготвени. Сите знаат колку е важно да продолжиме со добрите резултати. Целта е победа и преземање контрола во групата“, вели Гарсија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×