Фудбалската репрезентација на Македонија ќе гостува на Белгија во квалификациите за Сетското првенство кое наредната година ќе се одрж иво САД, Канада и Мексико, а пред овој дуел зборуваше напаѓачот Александар Трајковски.
Трајковски е еден од најискусните во репрезентацијата и смета дека по натпреварот Белгијците имаат поголем респект кон нашата селекцијата.
„Добро знаат против каква селекција ќе играат, покажавме квалитет во Скопје и сметам ддека ќе имаат поголем респект за нас. Притисокот е врз нив, ние за секој натпревар се подготвуваме на ист начин, нормално од натпревар во натпревар притиссокот да е зголемува, но ние тоа треба да го тргнеме на страна и да дададем се од себе на теренот. Ова сигурно ќе биде еден од најважните натпревари кои може да го реши патот во финишот од циклусот, без разлика кава генерација има, Белгија секогаш произведува квалитетни фудбалери“, порача Трајковски.
Натпреварот помеѓу Белгија и Македонија се игра утре во терминот од 20:45 часот, три дена подоцна дома ќе го пречекаме Казахстан.