262
Еден од најдолгогодишните играчи на Струга Трим Лум, Ард Касами, успешно ја мина операцијата на предниот вкрстен лигамент.
Фудбалерот за врска се повреди на тренинг на 4 септември, а по дополнителни прегледи и консултации со лекарите беше одлучено да се изврши оперативна интервенција која беше успешно спроведена во Скопје. Периодот на опоравување ќе трае најмалку шест месеци, по што Касами треба да се врати на тренажен процес.
Касами е дел од Струга уште од 2018 година и важи за еден од најверните играчи на клубот. Кариерата ја започна во младинските категории на Шкендија, за која има само еден официјален настап пред да се пресели кај стружани.