Фудбалскиот клуб Пелистер го назначи новиот стратег по слабите резултати на почетокот од сезоната и разделбата со досегашниот тренер Димитар Капинковски, кој во првите девет кола освои само седум бода.
Нов човек на клупата на битолчани е Милан Стојаноски, кој првпат ќе работи во македонскиот фудбал како тренер. Во својата досегашна тренерска кариера Стојаноски ги предводеше српските клубови ИМТ Белград, Зрењанин и Телеоптик, каде што ја започна својата работа како тренер во младинските категории.
Како фудбалер, Стојаноски остави трага настапувајќи за повеќе клубови во Србија, меѓу кои и белградски Партизан, а градеше и интернационална кариера во: Иран, Кипар и Израел.
Пелистер моментално се наоѓа на десеттото место на табелата, пред Работнички и Шкупи, па примарната цел на новиот тренер ќе биде стабилизација на екипата и избегнување на борбата за опстанок.