Медиумите од Италија пренесуваат дека Макс Алегри му држел лекции на Рафаел Леао по ремито против Јувентус, тренерот на Милан му замерил на напаѓачот за однесувањето и залагањето на мечот.
„Росонерите“ со месеци го чекаа Рафаел Леао да се опорави од повреда, Португалецот се врати во тимот против Наполи и Јувентус, но не импресионираше со своите партии.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, напаѓачот по само два натпревари успеал да го изнервира стратегот.
Па по крајот на пресметката против „старата дама“, Макс Алегри му држел лекции на Рафаел Леао во соблекувалната.
Тој му замерил за однесувањето и залагањето, и му порачал дека мора да се покаже во поинакво светло на следните натпревари.
Во меѓувреме, напаѓачот доби критика и од новиот соиграч Адриен Рабио.
„Знам дека многу се зборува за него, тој е играч со огромен потенцијал, но има 26 години и повеќе не е млад“ – вели Рабио.
„На оваа возраст, тој повеќе нема време за губење. Ќе биде жално доколку само остане фудбалер со голем потенцијал. Се надевам дека ќе сфати дека ги има сите потреби средства за да се натпреварува со најдобрите. Но можеби нема желба и страст како онаа на Лука Модриќ. Леао треба да се праша што сака да прави и дали е задоволен со она што до сега го постигнал, или сака да стане нешто повеќе“.
„Навистина ќе биде жално доколку не го искористи во целост својот талент“.