Јаневски: Сите честитки за фудбалерите, беа максимално ангажирани, фокусирани и ментално одлично подготвени

by
2 минути читање

Со триумфот над Шкупи со
2-0 како гостин, Вардар обезбеди место во четвртфиналето од Националниот куп на
Македонија откако како домаќин ремизираше со 1-1. Во четвртфиналето,
црвено-црните ќе ги одмерат силите против својот голем ривал Шкендија.

Шефот на стручниот штаб
на Вардар, Чеде Јаневски упати големи пофалби до своите фудбалери.

Сите
честитки за фудбалерите, затоа што на четири натпревар издвојувавме три победи
и еден нерешен натпревар. И тоа во месец кој е многу тежок за играње.
Фудбалерите беа максимално ангажирани, фокусирани и ментално одлично
подготвени. Во период кога сите останати екипи се на одмор, тие тренираа далеку
подолг период, и на ваков терен покажаа победнички менталитет
“ истакна Јаневски.

Што
се однесува до самиот меч многу е тешко да се гради игра кога имате противник
кој има дефанзивна формација. Не сакам никој погрешно да ме разбере, секој си
има своја филозофија и стратетија. Во вториот дел бевме далеку
подобри, создадовме шанси, постигнавме голови, и сметам дека заслужено
одиме понатаму. Сега ни останува прво да се одмориме од оваа напорна
полусезона, а потоа да се подготвуваме за пролетниот дел од првенството
“ додаде тој.

 

Извор/Фото-вест:
fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани