Расмус Хојлунд игра во одлична форма откако летово го засили Наполи. Данскиот напаѓач блесна во последните натпревари, постигнувајќи два гола во Лигата на шампионите, а потоа и победнички погодок против Џенова во Серија А.
„Пресреќен сум поради голот, но уште повеќе поради победата. Џенова одигра силно прво полувреме, но во продолжението ние преземавме контрола и покажавме карактер. Притискавме до самиот крај и заслужено победивме“, изјави Хојлунд по мечот.
Данецот не го крие воодушевувањето од работата со Антонио Конте, стратегот што му го довери местото во нападот и му помогна да ја врати самодовербата.
„Конте е врвен тренер. Дојдов во Наполи токму поради него, знаев дека ќе биде вистинскиот чекор за мојата кариера. Наполи е голем клуб, Неапол е прекрасен град, а Конте е најдобриот можен тренер за мене во овој момент“, истакна Хојлунд.
Со вакви настапи, 21-годишниот напаѓач брзо го освои срцето на навивачите и стана едно од главните оружја на Наполи во борбата за врвот во Серија А.