Италијанската легенда ја презеде клупата на Узбекистан!

by 24 фудбал
0 минути читање

Фабиo Канаваро е нов селектор на фудбалската репрезентација на Узбекистан.

Легендарниот Италијанец, кој во 2006 година го предводеше „азурите“ до светската титула во Германија и еден од најдобрите дефанзивци во модерниот фудбал, потпиша договор со Фудбалската федерација на Узбекистан.

Канаваро, кој како играч настапи на три светски првенства, ќе ја има задачата да го подготви националниот тим за настапот на Мундијалот во 2026 година што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Клупата на Узбекистан претходно ја држеше поранешниот македонски селектор Среќко Катанец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×