Рома со пресврт славеше на тешкото гостување во Фиренца, совладувајќи ја Фиорентина со 2-1 и со тоа се искачи на првото место во Серија А.
Домашниот тим подобро го отвори мечот и поведе во 14. минута преку Кин, но „волчицата“ брзо се врати во игра. До крајот на првото полувреме Суле израмни, а Кристанте со прецизен удар донесе целосен пресврт и водство од 2-1 за Рома.
Во второто полувреме Фиорентина се обидуваше да израмни, но без успех, па тимот на Рома запиша важна победа, своја петта во шампионатот, со која дојде до 15 бода, три повеќе од Милан и Наполи кои допрва треба да го играат својот натпревар од шестото коло.
На останатите средби, Болоња убедливо ја совлада Пиза со 4-0, додека Удинезе и Калјари ремизираа со резултат 1-1.