Башкими сега ја фали ФФМ: Се грижат за интегритетот на натпреварувањето против индивидуалци кои сакаат да го уништат!

by 24 фудбал
1 минути читање

Голема бура се крена по финишот на натпреварот меѓу Брера и Башкими во Струмица (1-1), откако домаќините стигнаа до бод по контроверзен пенал во самиот крај од мечот.

Натпреварот од деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига доби продолжение и надвор од теренот. Башкими се пожали дека е оштетен, а по бурните реакции, Фудбалската федерација на Македонија и Судиската комисија реагираа експресно и потврдија дека судијата Пларент Салихи направил грешка.

Од кумановскиот клуб сега го поздравија потегот на федерацијата и испратија соопштение до јавноста.

Башкими ја поздравува брзата реакција на ФФМ и Судиската комисија поврзана со скандалозното судење на вчерашниот натпревар со Брера. Инстантната реакција и прогласувањето на првиот чекор против судијата Пларент Салихи покажува дека во ФФМ се решени да го одбранат интегритетот на натпреварувањето против индивидуалци кои ја уништуваат сликата за фудбалот. Се надеваме дека ова е само почеток и очекуваме понатамошни мерки за сите вакви потези кои ја повредуваат фудбалската правда. Фудбалот може да оди напред само со фер и непристрасни одлуки. Не посакуваме неправди никому. Се жалиме за ваквите случаи да не се повторуваат, бидејќи секој клуб заслужува еднаквост на теренот“, стои во новото соопштение.

Од Судиската комисија веќе најавија дека Салихи ќе биде санкциониран при оценувањето на неговиот настап во Струмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×