Несторовски во две минути заработи два картони и беше исклучен (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Илија Несторовски имаше бурен натпревар против Славен Белупо во победата на Осијек со 2-1 во рамки на деветтото коло од ХНЛ. Македонскиот напаѓач прво се истакна со асистенција, но потоа ја заврши средбата предвреме.

Несторовски одигра солидно до моментот на исклучувањето, а му асистираше на Шуто за вториот гол на неговиот тим.

Сепак, во продолжението си направи голем проблем. Во 69. минута доби жолт картон по остар старт врз Мкртчиан, а само неколку моменти подоцна Ерменецот му возврати со груб дуел. Несторовски реагираше нервозно и направи нов прекршок, по што судијата немаше милост и му покажа втор жолт картон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×