Maкедонија Ѓ.П одлична против Арсими, со најубедливата победа во сезоната го отвори деветтото коло (ВИЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонија Ѓорче Петров денеска се израдува на нови три бода откако на домашен терен славеше убедливо со 4-1 против Арсими. „Лавовите“ беа подобар ривал во поголемиот дел од натпреварот и на крајот сосема заслужено стигнаа до четвртиот сезонски триумф.

Резултатот беше отворен во 13. минута кога Стоилов по одлична акција од левата страна го совлада голманот на гостите. Тоа беше единствениот погодок во првото полувреме. На стартот од вториот дел, во 52. минута, Талаков зголеми на 2-0, но Арсими не се предаде и во 63. минута намали на 2-1. Сепак, само неколку моменти подоцна гостите останаа со играч помалку, што им го отежна враќањето во игра.

И покрај тоа, Арсими успеа да создаде неколку опасни ситуации. но дилемите околу победникот беа решени во 82. минута кога Гереро ја искористи големата грешка на противничкиот голман и ја затресе мрежата за 3-1. По овој погодок гостите целосно паднаа, а конечниот резултат го постави Кире Марковски во последната минута од натпреварот.

Со овој триумф Македонија Ѓорче Петров стигна до 12 освоени бодови и моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×