Претседателот на ФФМ стана член на една од највжаните комисии за европскиот фудбал!

by Стефан
1 минути читање

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ стана член на „Хет-трик“ комисијата на УЕФА, едно од најзначајните тела во европскиот фудбал кое управува со распределбата на милионски суми во европскиот фудбал.

На првиот состанок што се одржа во Каунас, добредојде му посака претседателот на комисијата, Карл-Ерик Нилсон. Омерагиќ нагласува дека неговото членство доаѓа во клучен момент за македонскиот фудбал.

„Голема чест и одговорност за мене е што УЕФА ме именуваше за член на HatTrick комисијата, едно од најважните тела во европскиот фудбал кое одлучува за инфраструктурни проекти и едукативни програми за националните асоцијации. Благодарност до претседателот Александар Чеферин и до Извршниот комитет на УЕФА за довербата.

Во важен период за македонскиот фудбал, со посветеност ќе се трудам да го претставувам во комисијата одговорна за инфраструктурни проекти и да влијаам на бројни процеси и активности поврзани со работата на националните асоцијации“, изјави Омерагиќ.

Комисијата минатата година го објави и новиот финансиски план за развој, според кој од минатата 2024 до 2028 година ќе бидат вложени 3,5 милијарди евра во проекти за развој на земјите од Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×