Арнаутовиќ го удри со лакт в лице, а младиот Хрват го продолжи мечот со конци: Еве како изгледа сега (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Порто славеше со 2-1 против Црвена Звезда во Лига Европа со гол во самиот финиш, но мечот го одбележа и младиот дефанзивец Доминик Прпиќ. Тој одигра храбро и борбено иако доби тежок удар од Марко Арнаутовиќ во првото полувреме.

Искусниот напаѓач со лакт го удри во глава и го расече под окото, па Прпиќ мораше да добие четири конци на самиот терен. И покрај тоа, остана да игра до крајот и ги воодушеви навивачите со својата пожртвуваност.

Арнаутовиќ не беше казнет за грубиот потег, а Порто по мечот објави фотографија лицето на младиот стопер со порака: „Змејот никогаш не се повлекува. Одиме заедно во следната битка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×