Фенербахче го понудил Елмас на позајмица за вториот дел од сезоната во Турција?

by
1 минути читање

Неколку медиуми во
Турција пренесуваат дека Фенербахче го понудил 18 годишниот Елиф Елмас на
Генчербирлиги, за тој да добие многу поголема минутажа во вториот дел од
сезоната во турската Суперлига.

Елмас досега одигра три
натпревари за екипата на Фенербахче за фудбалери до 21 година, минувајќи 239
минути на терените, вреди да се издвои и дека неговото деби за сениорскиот тим
мина низ одлични коментари, тоа беше пријателскиот меч со Калјари каде Елмас
импресионираше. Сепак, поради неговата возраст Фенербахче не доби специјална
дозвола да го регистрира, а за негови настапи во сениорскиот состав ќе почека
до јануари.

Тешко дека би се
оствариле овие шпекулации кои ги пренесуваат турските медиуми денес, од причина
што Фенербахче очајно го очекува младиот Македонец во сениорскиот состав, а го
бараат и фановите на тимот од Истанбул.

Што се однесува пак до
Генчербирлиги, на овој клуб му претстои битка за опстанок во елитното друштво
на Турција се до крајот на шампионатот, моментално е претпоследен на табелата.

 

Извор: yenisafak.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани