Шпанците се исплашија од ултрас навивачите на Шкендија, преку 300 полицајци ќе го чуваат редот

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека пресметката помеѓу Рајо Ваљекано и Шкендија во Конференциска лига е прогласена за натпревар од висок ризик, па преку 300 полицајци ќе бидат задолжени за редот.

Шкендија вечерва ќе го има своето деби во лигашката фаза на Конференциска лига и пред „црвено-црните“ од Тетово е гостување кај Рајо Ваљекано, кој пак по пауза од 25 години се враќа во Европа.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, донесена е одлука пресметката да се води како натпревар од висок ризик.

Причина е пристигнувањето на околу 200 навивачи на Шкендија, од кои барем 100 ќе бидат ултрас навивачи.

Па преку 300 полицајци ќе бидат задолжени за редот, а ќе има и зголемено присуство на полицијата во метрото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×