Како што пренесува весникот Сан, Манчестер јунајтед сака да организира атрактивни пријателски натпревари со цел да компензира дел од загубата од околу 100 милиони фунти поради тоа што не беше обезбеден настап во Лигата на шампиони.
„Ѓаволите“ останаа без настап во Лигата на шампиони откако го загубија финалето против Тотнем во Лига Европа, се проценува дека дупката во буџетот ќе биде околу 100 милиони фунти.
Па раководството на Манчестер јунајтед разгледува алтернативни извори за приход, кои ќе треба да го ублажат минусот.
Една опција била да се сними документарец кој ќе донесе десетици милиони евра, но оваа можност била отфрлена и се разгледуваат други алтернативи.
Како што пренесува Сан, Манчестер јунајтед опипува терен за организирање на атрактивни пријателски натпревари.
Се шпекулира со враќање на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд и пресметка помеѓу Манчестер јунајтед и Ал Наср.
Останува да се види дали ќе падне некаков договор, и кој се ќе се појави на „Театарот на соништата“.