Фудбалската репрезентација на Хрватска можеби заврши голема работа за во идднина обезбедувајќи го 16-годишниот Белињо.
Белињо е роден Бразилец од Рио Де Женеиро, но уште од најрана возраст дојде во Динамо Загреб од каде што премина во Арсенал. Брзо почна да настапува и за младите категории на Хрватска за која на 64 натпреевари постигна 39 гола.
Информацијата дека сака го носи дресот на Хрватска ја потврди и неговиот агеент, Енди Бара.
„Го повика и Бразил каде што разговараа, но негова желба е да игра за Хрватска. Луѓето во Фудбалскиот сојуз на Хрватска силно се залага тој да прифаати и на нивна покана веќе работиме на добивањето државјанство и тоа треба да биде завршено до крајот на годината. Белињо е навистина среќен во Хрватска и неговото семејство е среќно тука, одлично зборува хрватски и го смета Загреб за негов дом“, изјави Бара.
Овој случај потсетува на легендарниот Едуардо Да Силва кој исто така избра да го носи хрватскиот дрес и остави длабока трага, интересно е што и тој во еден период од кариерата го носеше дресот на Арсенал.