Mбапе е трет фудбалер кој најбрзо постигнал 60 гола, пред него има само двајца голгетери

by Стефан
1 минути читање
Мбапе

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, вчера повторно блесна со хет-трик против Каират и така станатретиот најбрз фудбалер што стигнал до 60 голови во Лигата на шампионите.

Французинот до оваа бројка стигна по 89 одиграни натпревари, оставајќи зад себе голгетери од калибарот на Карим Бензема и Раул Гонзалес. На Раул му беа потребни 115 меча, додека Бензема стигна до 60 гола по 111 натпревари.

Пред Мбапе остануваат само двајца, Роберт Левандовски, кој ја достигна оваа бројка по 85 средби, и Лионел Меси, кој тоа го направи најбрзо за 80 натпревари.

На вечната листа на стрелци во ЛШ, Мбапе моментално се наоѓа на шестото место со 60 погодоци. Пред него се Раул (70), Бензема (90), Левандовски (105), Меси (129), а недостижен останува Кристијано Роналдо со рекордни 140 голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×