Медиумите во Португалiја објавија детали за примањата на Жозе Мурињо во Бенфика. Легендарниот португалски стратег, кој пред еден месец доби отказ во Фенербахче, во Лисабон прифатил плата која е најниска во неговата кариера во последните две децении.
За Мурињо, ангажманот во Бенфика претставува враќање на клубот каде што пред 25 години ја започна тренерската работа. Ова е негов 12. тренерски ангажман во кариерата, а стартот новата етапа ја започна со две победи и едно реми во првите три натпревари. Сегаа за него следи гостувањето кај Челси на „Стенфорд Бриџ“ каде што остави длабока трага.
Претседателот на Бенфика, Руи Кошта, потврди дека Мурињо има договор на две години, но избегна да зборува за финансиските детали.
„Нема да го кажам вкупниот износ, не сум овластен да кажам колку Жозе заработува. Дали тоа прашање го поставивте во Спортинг или Порто? Тренер од ваков калибар има своја цена. Не е во ред да се зборува за платата на некого на телевизија. Тоа е вреден договор, поголем од оној што го имаше Роџер Шмид. Тоа можам да ви го кажам“, изјави Кошта.
Сепак, медиумите откриваат дека Мурињо ќе инкасира околу три милиони евра во првата сезона, а уште еден милион повеќе во втората година од соработката.