204
Натпреварот на Валенсија против Овиедо кој требаше да биде одигран вечерва е одложен поради предупредување за големо невреме.
Во подрачјето на Валенсија е прогласен метеоролошки аларм поради лоши временски услови.
Веќе е потврдено и дека дуелот ќе биде одигран во вторник од 20:00 часот.
Ќе потсетиме, минатиот октомври Валенсија беше погодена од страшни поплави во кои животот го загубија повеќе од 200 лица.